Кому му е гајле за жените во Америка?
Велике приче 16.11.2024 | Пише Румена Бужаровска

„Сами си го избраа, е сега нека видат како е“, слушав од многу луѓе
Овај текст можете читати и у преводу Ирене Шентевске *** Дента пред американските избори и неколкуте што следеа ги поминав разговарајќи со повеќе пријатели во САД. Кај нив посведочив страв и неизвесност на кои сме навикнати на Балканот со речиси секои избори, што за нив е необично. Иако дел од јавноста (на социјалните мрежи) се обидуваше да го релативизира стравот на Американците, кои тврдеа дека овие избори се историски во Америка, факт е дека толку очигледно












